ЕУ: Нападите на режимот во Сирија и неговите поддржувачи врз цивилите се неприфатливи

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Кристос Стилианидес објавија заедничко соопштение во врска со случувањата во градот Алепо и околината во Сирија

576773
ЕУ: Нападите на режимот во Сирија и неговите поддржувачи врз цивилите се неприфатливи

ЕУ истакна дека апсолутно не можат да се прифатат нападите на режимот во Сирија и неговите поддржувачи врз цивилното население кои што се засилени во градот Алепо и околината.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини еврокомесарот одговорен за хуманитарна помош и управување со кризи Кристос Стилианидес објавија заедничко соопштение во врска со случувањата во градот Алепо и околината во Сирија.

Во соопштението се укажува на тоа дека состојбата во Алепо во последните 48 часа интензивно и на дрматичен начин оди кон полошо и се истакнува дека бомбардирањето без да се внимава на недолжните и цивилите, реализираните напади врз цивилното население, изоставувањето на луѓето од хуманитарна помош и од вода се во спротивност со меѓународното право и никако не можат да се прифатат. 

Во соопштението се вели дека измачувањето на кое се подложени недолжните луѓе во Алепо претставува навреда против целото човештво и се упатува повик до сите земји кои се влијателни кај сирискиот режим и вооружените опозиционери да извршат масимален притисок за да се стави крај на нападите на завојуваните страни.

Во истото соопштение се бара во Сирија интензивно повторно да се врати кон политички разговори под надзор на ОН и се истакнува дека ЕУ ќе направи проценка на дополнителните мерки за повторно започнување на разговорите помеѓу сите завојувани страни во Сирија. 

Во реализираните воздушни напади од страна на режимот на Асад и неговите поддржувачи врз цивилните населени места од 19 септември досега  животот го загубија 323 цивили, а 1.334 цивили беа повредени.



Слични вести