Бројот на загинатите цивили во бомбардирањата во Алепо се зголеми на 92, а 273 лица се повредени

Во воздушните напади на сирискиот ррежим и Русија во областите во градот Алепо под контрола на опозиционерите според последни информации животот го загубија 92 цивили, а 273 цивили се повредени

576442
Бројот на загинатите цивили во бомбардирањата во Алепо се зголеми на 92, а 273 лица се повредени

Бројот на загинатите цивили во реализираните напади од страна на воените авиони на режимот на Асад и Русија врз цивилните населени места во градот Алепо во Сирија се зголеми на 92, а бројот на ранетите на 273 лица.

Според информациите добиени од Неџип Енсари, еден од функционерите на екипите за цивилна одбрана кои ги водат активностите за пребарување и спасување во Алепо, воени авиони на Русија и сирискиот режим вчера во текот на целиот ден продолжија да ги бомбардираат областите во градот Алепо под опсада на силите на Асад.

Во воздушните напади реалзиирани од страна на силите на режимот и Русија во петокот врз цивилните населени места во Алепо животот го загубија 86 лица, а приближно 200 лица беа повредени.

Според информации од функционери на екипите за цивилна одбрана кои ги водат активностите за пребарување и спасување во градот Алепо и од извори од полската болница, бројот на загинатите цивили во бомбардирањата од страна на режимот и Русија од 19 септември досега е зголемен на 359 лица, а бројот на повредените на 1.407 лица.   

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека западнал во ужас поради засилувањето на судирите во Алепо и доживувањето на најжестоките бомбардирања од почетокот на војната досега во ова подрачје.

Во објавеното соопштение од кабинетот на генералниот секретар на ОН се истакнува дека е подготвен извештај во кој стои оти по соопштувањето на сирискиот режим дека е започнат напад за заземање на Алепо во реализираните воздушни напади во подрачјето биле користени запаливи бомби и бомби за уништување на скривници.

Притоа генералниот секретар Бан Ки-мун во соопштението истакнал дека реализацијата на напади со оружја од видот на запаливи бомби врз областите населени со цивилно население може да претставува воено злосторство. 

Режимот на Асад во Сирија на 19 септември соопшти дека го укинува прогласениот прекин на огнот кој што со посредство на САД и Русија започна да се применува на 12 септември и веднаш потоа заедно и со руската армија почна жестоко да ги бомбардира источните области на градот Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите. 

Од друга страна сириските опозиционери по жестоки судири ја воспоставија контролата во месноста Маан кај градот Хама.

Опозиционерите минатиот месец ги зазедоа од рацете на режимските сили и месноста Тајбет ел-Имам и селото Соран северно од градот Хама



Слични вести