Воздушен напад на цивилите северно од Алепо

Авионите на режимот на Асад и Русија извршија интензивни напади врз населбите Бустан Ел Каср, Мешхед, Келлеше, Салихијин и Фирдевс

576337
Воздушен напад на цивилите северно од Алепо

Според првите претпоставки, во воздушниот напад на цивилните населени места кои се наоѓаат под опсада на силите на режимот на Асад северно од Алепо загинаа 56, а 220 лица беа повредени.

Според изјавата на Неџип Енсари, претставник на екипите за цивилна заштита кои учествуваат во активностите за спасување на граѓаните во околината на Алепо рече дека авионите на режимот на Асад и Русија извршија интензивни напади врз населбите Бустан Ел Каср, Мешхед, Келлеше, Салихијин и Фирдевс кои се обиколени од страна на силите на Асад.

Продолжуваат активностите за подигање на урнатините од цивилните населени места кои беа цел на нападите.

Меѓу загинатите се наоѓаат жени и деца.

Во бомбардирањето дојде до материјална штета во голем број згради.

Се стравува до евентуално зголемување на бројот на загинатите со кревањето на урнатините кои активности се вршат со ограничени можности, додека повредените се префрлаат на хоспитализација во болниците.

Во вчерашните воздушни напади на авионите на режимот на Асад и Русија загинаа 86, а над 200 лица беа повредени.



Слични вести