Уште еден предизвик од Северна Кореја

Северна Кореја ќе го зголеми бројот на нуклеарното оружје кое претставува средство за самоодбрана

576196
Уште еден предизвик од Северна Кореја

Уште еден предизвик од Северна Кореја која се наоѓа во фокусот на нуклеарните дискусии

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо во говорот на седницата на Генералното собрание на ОН рече дека ќе го зголемат бројот на нуклеарното оружје кое претставува средство за самоодбрана.

Министерот Хо во говорот упати критики на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја во регионот како и военото присуство на САД поради што овие иницијативи претставуваат закана за нивната земја.

Нуклеарното оружје претставува средство за самоодбрана рече Хо и потенцираше дека ќе ја зголемат количината и квалитетот на нуклеарното оружје.

Неодамнешната проба на боевите глави претставува еден вид одговор на економското ембарго што се спроведува врз Северна Кореја, рече министерот Хо и подвлече дека нивната земја е спремна на сите евентуални напади и дека се решителни во самоодбраната.

Минатата недела министерот Хо на САД кои полетаа авион во областа меѓу Северна и Јужна Кореја им се закани со зборовите дека ќе бидат изложени на последиците на овој чин.

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Хо рече дека причината за нуклеарното наоружување е заканата од Америка, рече Хо.

За жал предизвикаа Корејскиот полуостров да стане најопасен регион во светот во кој може да избувне дури нуклеарна војна.

СБ на ОН често пати ја изнесе загриженоста поради зголемените нуклеарни активности во Северна Кореја, особено во последните неколку месеци, поради што на почетокот на годинава усвои резолуција со која беа предвидени тешки санкции врз оваа земја.

По пробата на нуклеарното оружје што го изврши Северна Кореја на почетокот на септември, САД соопшти дека започнале со подготовките за нова резолуција во СБ на ОН против оваа земја.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери се состана со министрите за надворешни работи на Југоисточните азиски земји.

Кери на средбата рече дека одговорноста за спроведувањето на резолуциите на СБ на ОН припаѓа на сите земји членки.

Кери додаде дека недоразбирањата во Јужното Кинеско Море треба да се решат по мировен пат.



Слични вести