Обама рече дека ќе стави вето на предлог-законот во врска со Иран

Белата куќа остро реагираше против предлог-законот „Закон за спречување на исплата на откуп на Иран во иднина“

574997
Обама рече дека ќе стави вето на предлог-законот во врска со Иран

Американскиот претседател Барак Обама рече дека ќе стави вето на евентуалните предлог-закони во врска со Иран.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама ќе стави вето на предлог-законот кој беше разгледан на седницата на Претставничкиот дом со кој се предвидува да се обелоденат имотите и богатството на високите ирански раководители под изговор дека ќе нанесе штета на прелиминарните активности за постигнување на нуклеарниот договор.

Во случај да се усвои предлог-законот кој на разгледување на Претставничкиот дом беше доставен во јуни, истиот треба да помине и низ Сенатот.

Дури по овие две етапи, предлог-законот кој се очекува да пристигне на масата на претседателот Обама, поради загриженоста дека ќе предизвика штета на прелиминарните активности за постигнување на нуклеарно договор и гаранциите на Вашингтон, Обама ќе стави вето.

Во меѓувреме, Белата куќа остро реагираше против предлог-законот „Закон за спречување на исплата на откуп на Иран во иднина“ кој беше подготвен од страна на Републиканците и доставен до Претставничкиот дом.

Во предлог-законот се изнесува дека материјалните средства што Вашингтон му ги испрати на Иран по пуштањето на слобода на 4-те Американци се оценуваат како откуп и се потенцира дека Вашингтон во иднина не треба да врши овој вид исплати.

Во соопштението на Белата куќа беше истакнато дека средствата кои беа испратени на Техеран не се откуп и дека раководството остро се спротивставува на овој непромислен предлог-закон.

Претседателот Барак Обама ќе стави вето на предлог-законот во случај истиот да пристигне на масата на Овалната канцеларија, беше истакнато во соопштението.



Слични вести