„Адмирал Кузњецов“ ќе заплови кон Средоземното море
Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека планираат наскоро во Средоземното море да го испратат носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“
575232

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека планираат наскоро во Средоземното море да го испратат носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“.
Шојгу изјавата ја даде на конференција за печатот во Министерството за одбрана на Русија. Шојгу додаде: моментално во водите на Средоземното море пловат најмалку 6 руски воени брода и 3 до 4 помошни воени брода. Со цел зголемување на нашата воена сила во Средоземното море,планираме наскоро таму да го испратиме нашиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“.
Претходно неколку пати во руските медиуми се појави веста дека постои можност единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ да биде испратен во Средоземното море со цел да се вклучи во воените операции во Сирија.