Заврши прекинот на огнот помеѓу завојуваните страни во Сирија

Додека завојуваните страни во Сирија проодлжуваат взаемно да се обвинуваат за прекршување на прекинот на огнот народот во областите под опсада е во исчекување на хуманитарната помош од која што има потреба

573329
Заврши прекинот на огнот помеѓу завојуваните страни во Сирија

Сириската армија на режимот на Асад истакна дека заврши прекинот на огнот кој што стапи во сила на 12 септември.

Во објавеното соопштение на сириската армија од страна на официјалната новинска агенција на Сирија САНА се истакнува дека заврши прекинот на огнот за стопирање на судирите за време на Курбан Бајрам кој што беше постигнат со посредство на САД и Русија.

Во соопштението се вели дека прекинот на огнот треба да претставува прилика за стопирање на крвопролевањето и се наведува дека вооружените групи не се придржуваа кон одредбите на постигнатиот договор за прекин на огнот.

Во истото соопштение се тврди дека опозиционерите во текот на процесот 300 пати го прекршиле прекинот на огнот и дека режимот бил приморен да одговори на овие прекршувања.

Претходно писмено соопштение во врска со случаите на прекршувања на договорот за прекин на огнот кој што на крајот на преговорите помеѓу САД и Русија стапи во сила на 12 септември во понеделник вечер, објави и Сириската национална коалиција на опозициските и револуционерните сили во чиј состав се наоѓаат сириските опозиционери  во кое беше истакнато дека силите на режимот за една недела реализираа стотици напади од кои повеќето беа насочени против цивилното население .

Во соопштението беше наведено дека режимот реализира 254 напади со кои го прекрши прекинот на огнот и дека во овие напади беа користени воени авиони, артилериски единици и барел-бомби.

Во меѓувреме продолжува и исчекувањето на народот во Сирија за доделување хуманитарна помош.

Режимот на Асад продолжува да го попречува доставувањето на хуманитарната помош за која во рамките на прогласениот договор за прекин на огнот со посредство на САД и Русија се очекува да му се додели на цивилното население кое е подложено на негативното влијание на воружените судири.

ТИР камионите натоварени со хуманитарна помош кои за доставување помош на народот во областите под блокада поминаа преку граничниот премин Џилвеѓозу кај Хатај 5 дена како се приморени да чекаат во просторот од граничниот премин Баб ул-Хава, на сириска страна на границата. 

Функционери на ОН истакнуваат дека режимот на Асад не ги дава потребните гаранции за безбедноста на возачите на ТИР камионите со хуманитарна помош.



Слични вести