Воени авиони на сирискиот режим и Русија бомбардираа хуманитарен конвој: 12 загинати

Во воздушните напади во кои беа погодени 18 од вкупно 31 ТИР камион паркирани пред еден магацин со хуманитарна помош во близина на Алепо животот го загубија 12 лица

573364
Воени авиони на сирискиот режим и Русија бомбардираа хуманитарен конвој: 12 загинати

Воени авиони на сирискиот режим и Русија ги бомбардираа ТИР камионите натоварени со хуманитарна помош наменета за населението во областите под блокада во Сирија.

Во воздушните напади во кои беа погодени 18 од вкупно 31 ТИР камион паркирани пред еден магацин со хуманитарна помош во близина на Алепо животот го загубија 12 лица.

Меѓу загинатите се наоѓаат и вработени во сириската Црвена полумесечина.

Очевидци истакнуваат дека 5 ракети исфрлени од воените авиони ги погодиле камионите и магацинот и дека имало голем број загинати и повредени.

Од страна на сирискиот режим не е објавено било какво соопштение во врска со нападот.

Се привлекува внимание на тоа што овој воздушен напад уследи веднаш откако сириската армија соопшти дека заврши договорот за прекин на огнот кој стапи во сила на 12 септември.

По нападот пристигна писмено соопштение од портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби.

Кирби истакна дека вашингтонската управа покажа остра реакција против бомбардирањето на конвојот со хуманитарна помош и рече: „САД се гневни по вестите околу тоа дека денеска е бомбардиран еден конвој со хуманитарна помош во близина на Алепо.“

Велејќи дека за прашањето директно ќе биде разговарано со Русија, Кирби додаде: „По мошне лошото прекршување на договорот за стопирање на судирите наново ќе ја преразгледаме нашата евентуална соработка со Русија за во иднина.“

Американскиот државен секретар Џон Кери исто така во говорот што го одржа на самитот за бегалци и мигранти на високо ниво што се одржа во седиштето на ОН во Њујорк истакна дека реализираниот напад врз конвојот за хуманитарна помош претставува прекршување на доставувањето на неопходната помош на цивилното население.

Заменикот генерален секретар на ОН одговорен за хуманитарни прашања и координатор за итни состојби Стивен О’Брајан истакна дека западнал во ужас поради нападот врз хуманитарниот конвој на ОН и сириската Црвена полумесечина.

Велејќи „Доколку овој гнасен напад е извршен намерно тоа претставува воено злосторство“, О’Брајан упати повик за започнување на неутрална и независна истрага во врска со нападот.



Слични вести