Хуманитарната помош за Сирија сеуште чека на границата

7 дена по прекинот на огнот во Сирија судири има се помалку но сепак и покрај тоа конвој од 20 возила натоварени со хуманитарна помош за населението во Сирија се уште чека на границата

573132
Хуманитарната помош за Сирија сеуште чека на границата

7 дена по прекинот на огнот во Сирија судири има се помалку но сепак и покрај тоа конвој од 20 возила натоварени со хуманитарна помош за населението во Сирија се уште чека на границата. Конвојот на ОН една недела како што чека на границата за влез во Сирија.

Меѓународниот хуманитарен конвој станува жртва на недоразбирањето меѓу властите во Дамаск и опозициските сили во земјата. Дамаск порано имаше соопштено дека хуманитарната помош може да се достави само до источниот дел на градот Алепо и тоа со координација со ОН.

Обединетите Нации кои добија гаранции од официјален Дамаск,реагира на барањето на властите да се контролираат камионите кои носат хуманитарна помош за Сирија.

Инаку се претпоставува дека во подрачјето кое е под контрола на сириската регуларна армија во Алепо живеат околу 250 000 цивили.



Слични вести