Апел од Бан Ки-мун до светските лидери на самитот на ОН за бегалци и мигранти

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун говореше на отворањето на самитот за бегалци и мигранти и апелираше до светските лидери да им ја отворат својата врата на бегалците и мигрантите

573226
Апел од Бан Ки-мун до светските лидери на самитот на ОН за бегалци и мигранти

Во Советот за безбедност на ОН се одржа самит на ОН за бегалци и мигранти, а со цел справување со проблемите предизвикани од обемните бегалски и мигрантски движења и поголем број земји да им ја отворат својата врата на бегалците и мигрантите.

На отворањето на самитот говореше генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој во оваа пригода истакна дека со овој самит се има за цел да се обезбеди да се одговори на проблемите предизвикани од човечката раздвиженост во светот.

Бан Ки-мун посака од сите земји да се однесуваат согласно човековите права и човечкото достоинство кон бегалците и мигрантите кои напуштајќи ги своите домови се излезени на пат за да ги спасат своите животи или за да најдат подобри можности за живот.

Велејќи „Досега невиден голем број луѓе мигрираат, некои бегаат од војни, а некои се во потрага по подобри можности за живот“, генералниот секретар Бан посака бегалците и мигрантите да не се оценуваат како товар, туку како потенцијал.

Бан ки-мун воедно посака да се покажува почит кон човековите права на сите бегалци и мигранти и апелираше до сите да застанат во одбрана на ветувањата во Њујоршката декларација која ќе биде усвоена во рамките на самитот за бегалци и мигранти.

Бан Ки-мун истакна дека меѓу овие ветувања се наоѓаат прашања како што се обезбедување образование за децата, заштита на угледот и човековите права на сите бегалци и мигранти, усовршување на активностите за пребарување и спасување на бегалците и мигрантите, зголемување фондовите за хуманитарна помош и на можностите за сместување на бегалците и мигрантите во поголем број земји. 

Нагласувајќи го и значењето на борбата против непријателството кон странците, Бан Ки-мун рече: „Апелирам до сите лидери да застанат во одбрана на човековите права и угледот на луѓето кои се приморени да ги напуштат своите домови или се излезени на пат во потрага по подобар живот поради условите во нивните земји.“ 

Генералниот секретар на ОН Бан ки-мун истакна дека самитот за бегалци и мигранит и подготвената декларација подготвија заедничка основа и предупреди дека овој самит ќе биде значаен само доколкку се остане придржуван кон овдешните ветувања.



Слични вести