8 политичари со турско потекло влегоа во покраинскиот парламент на Берлин

На изборите што се одржаа во неделата во градот покраина Берлин 8 политичари со турско потекло влегоа во покраинскиот парламент

573148
8 политичари со турско потекло влегоа во покраинскиот парламент на Берлин

Како што соопшти изборниот совет на Берлин кандидатите за пратеници од Социјалдемократската партија СПД Дерја Чаглар, Дилек Колат и Улкер Раџивил воегоа во покраинскиот парламент на Берлин како пратеници.

Од Партијата на зелените во парламентот влегоа Џанан Бајрам, Тургут Алтуг и Фатош Топач, од Демохристијанската Унија Емине Демирбукен-Вегнер и од Партијата на левите Хакан Таш исто така со турско потекло.

Кандидатите со турско потекло кои на изборите се кандидираа како независни не успееја да обезбедат доволен број гласови за да бидат избрани за пратеници во парламентот на градот покраина Берлин.

И покрај загубата на голем број гласови Социјалдемократската партија СПД излезе како победник на вчерашните избори. Партијата на актуелната германска канцеларка Ангела Меркел доживеа пораз и освои едвај 17 насто од гласовите. Овие избори ќе бидат забележани како избори со најмал одзив на избирачите во Берлин после Втората светска војна.

Ултра десната германска партија Алетернатива за Германија АФД на овие избори освои 14,2 насто од гласовите на избирачите во Берлин.

 



Слични вести