Вооружен напад и експлозии во различни градови на САД

Во Филаделфија беше реализиран вооружен напад, а во Њујорк и Њу Џерси дојде до експлозии предизвикани од поставени експлозивни направи во канти за отпадоци во кои има загинати и повредени

572215
Вооружен напад и експлозии во различни градови на САД
new york patlama.jpg

Во вооружен напад во градот Филаделфија во САД загинаа две лица.

25-годишниот напаѓач по име Николас Глен најпрвин пукаше во полициско возило и рани еден полицаец, а потоа пукаше и на еден бар и уби една жена.

Во нападот беа ранети и 5 лица од кои двајца полицајци.

Напаѓачот беше застрелан на местото на нападот.

Се мисли дека напаѓачот кој претходно извршил и други кривични дела за што бил и осудуван пукал наоколу револтиран поради насилството на полицијата кое доведува до големи дискусии во земјата. 

Во меѓувреме во експлозија на поставена експлозивна направа и во една канта за отпадоци во Њујорк беа ранети 29 лица од кои еден потешко.

Експлозијата се случи во туристичкиот кварт Челси во Манхетен во сабота вечер кога голем број лица беа излезени надвор.

Се претпоставува дека причина за експлозијата била поставена експлозивна направа во канта за отпадоци.

По експлозијата на местото на настанот дојде и градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио кој истакна дека експлозијата е реализирана намерно, но дека градот не се наоѓа под терористичка закана.

Екипите за борба против тероризмот на полицијата во Њујорк започнаа истрага на местото на експлозијата и ги зголемија безбедносните мерки во градот.

Во сојузната држава Њу Џерси каде што требаше да се одржи хуманитарна трка исто така беше експлодирана импровизирана бомба поставена во канта за отпадоци.

Во експлозијата во близина на Сисајд Парк немаше загинати или повредени, но беше откажана 5 километарската хуманитарна трка.

Во бомбашкиот напад што беше реализиран за време на Бостонскиот маратон во САД во 2013 година загинаа 3 лица, а 260 лица беа повредени.



Слични вести