Во напад на воена база во Индија загинаа 17 војници

Четворица борци приврзаници за независност во Џаму-Кашмир во Индија извршија напад на воена база во градчето Ури и во нападот загинаа 17 војнициа голем број војници се повредени

572298
Во напад на воена база во Индија загинаа 17 војници

Во реализиран напад на воена база од страна на борци приврзаници за независност во Џамуи Кашмир во Индија загинаа 17 војници, а голем број војници се повредени.

Еден индиски воен функционер истакна дека четворица борци откако се префрлиле во воената база во градчето Ури ги нападнале војниците со оружје и рачни бомби.

Четворицата напаѓачи потоа биле убиени, по што била започната операција од широки рамки во областа.

Во судир до кој дојде на 8 јули помеѓу индиските безбедносни сили во Џаму и Кашмир и припадниците на Хизбул Муџахедин беше убиен Вани, еден од високите членови на оваа организација по што десетици илјади лица излегоа на улиците.

Во протестите во областа кои продолжуваат веќе 65 дена и на кои индиските безбедносни сили интервенираат со употреба на солзавец и вистински куршуми досега животот го загубија најмалку 79 жители на Кашмир, а над 3 илјади цивилни граѓани се повредени. 

Во насилствата во Кашмир како спорна област помеѓу Пакистан и Индија уште од 1947 година кога овие две земји се стекнаа со својата независност од Обединетото Кралство животот го загубија 70 илјади лица.

Групите за пружање отпор во Кашмир од 1989 година водат борба за независност или приклучување кон Пакистан.



Слични вести