Пограничниот премин Рефах отворен за еден ден за 500 аџии кои од Саудиска Арабија се враќаат во Газа

Директорот на граничниот премин Рефах од палестинска страна  Хишам Адван истакна дека граничниот премин за влегување на останатите 2.091 аџија од 21 септември во среда ќе биде отворен во текот на три дена

572352
Пограничниот премин Рефах отворен за еден ден за 500 аџии кои од Саудиска Арабија се враќаат во Газа

Граничниот премин Рефах кој се наоѓа помеѓу Газа и Египет отворен за еден ден за 500 аџии кои се враќаат од исполнување на овогодишниот верски обред аџилак на светите места во Саудиска Арабија.

Директорот на граничниот премин Рефах од палестинска страна  Хишам Адван истакна дека граничниот премин за влегување на останатите 2.091 аџија од 21 септември во среда ќе биде отворен во текот на три дена. 

Египет за да би можеле кандидатите за аџии од Газа да заминат на аџилак во Саудиска Арабија на 30 август го отвори граничниот премин Рефах во текот на три дена.

Египетските власти повремено го отвораат за кусо време граничниот премин Рефах кој го затворија по реализираниот воен удар во оваа земја на 3 јули во 2013 година.



Слични вести