Москва: Во воздушен напад на коалиционите сили во Дејр ез-Зор се убиени 62 режимски војници

Руското министерство за одбрана соопшти дека коалиционите сили предводени од САД во градот Дејр ез-Зор во источниот дел на Сирија погодиле воена база на режимот на Асад и биле убиени 62-јца војници на режимот, а повеќе од 100 војници биле ранети

572184
Москва: Во воздушен напад на коалиционите сили во Дејр ез-Зор се убиени 62 режимски војници

Руското министерство за одбрана соопшти дека коалиционите сили предводени од САД во градот Дејр ез-Зор во источниот дел на Сирија погодиле воена база на режимот на Бешар Асад и дека притоа биле убиени 62-јца војници на сирискиот режим, а повеќе од 100 војници биле ранети.

Портпаролот на руското министерство генерал-мајор Игор Конашенков истакна дека според добиени информации од сириски функционери во реализираниот воздушен напад со 4 воени авиони во близина на аеродромот во Дејр ез-Зор загинале 62-јца војници на режимот, а повеќе од 100 војници биле ранети.

Конашенков рече дека воените авиони дошле од ирачка страна на границата.

Официјална Москва истакна дека сириските единици во регионот војуваат против терористичката организација ДЕАШ.

Во објавеното писмено соопштение од американската Команда на централните сили (CENTCOM) се наведува дека коалиционите сили со помисла дека станува збор за цел на ДЕАШ реализирале воздушен напад на една цел јужно од градот Дејр ез-Зор.

Во истото соопштение се вели и следното: „По доставените информации од страна на Русија дека можеби се погодени војници и возила на сириската армија воздушните напади на коалиционите сили беа прекинати.“ 

Во соопштението се истакнува дека во областа каде што е реализиран нападот во доволна мера биле направени неопходните извидувања и следења, како и тоа дека руските функционери биле информирани за нападот.

Администрацијата на Обама изрази жалење поради реализираниот воздушен напад од страна на коалиционите сили предводени од САД во кој загинаа 62 војници на сирискиот режим.

Според објавени вести во американските медиуми висок функционер на Белата куќа во име на администрацијата на Обама изјавил дека САД жалат и се кајат поради ненамерното бомбардирање и загинувањето на 62-јца војници на сирискиот режим.

На барање на Русија во врска со случајот итна седница одржа и Советот за безбедност на ОН.

По седницата која се одржа зад затворени врати и траеше приближно еден час постојаната претставничка на САД во ОН Саманта Пауер изјави за новинарите дека се испитуваат тврдењата околу тоа дека биле бомбардирани војници на сирискиот режим и рече: „Би сакале да се знае дека доколку се потврди тоа наша намера не беше да ги бомбардираме војниците на режимот. Секако дека жалиме поради загинатите.“  

Освен тоа Пауер ја критикуваше Русија поради тоа што го повика на итна седница Советот за безбедност на ОН и нагласи дека режимот на Асад уште од 2011 година намерно ги убива цивилите, употребува хемиско оружје против сопствениот народ, ги држи под опсада градовите и го осудува сопствениот народ на смрт.“

„Додека се случуваше сетоа тоа Русија не да го повика Советот за безбедност на итна седница дури и не реагираше. Исто така ги блокираше и предлог резолуциите кои што беа доставени до Советот одговорните да положат сметка за сето тоа.“ - рече постојаната претставничка на САД во ОН Саманта Пауер.



Слични вести