Марин Ле Пен доколку победи на претседателските избори најави референдум за излез од ЕУ

Лидерот на екстремно-десничарската партија Национален фронт во Франција Марин Ле Пен истакна дека доколку победи на претседателските избори по примерот на Велика Британија и нејзината земја ќе одржи референдум за излез од ЕУ

572250
Марин Ле Пен доколку победи на претседателските избори најави референдум за излез од ЕУ

Лидерот на екстремно-десничарската партија Национален фронт во Франција Марин Ле Пен истакна дека ќе се кандидира за претстојните претседателски избори што ќе се одржат идната година.

Ле Пен која говореше на годишниот летен конгресе на својата партија во Фрежус рече: „Со нестрпливост чекам да ја започнам изборната кампања. Сакам да дискутирам за прашања кои се од значење за постоењето на нашата земја.“

Поддржувајќи ја одлуката на Велика Британија за напуштање на ЕУ, Ле Пен истакна дека доколку победи на претседателските избори и нејзината земја ќе одржи референдум за излез од ЕУ.

Марин Ле Пен воедно напомена дека на претседателските избори во САД го поддржува кандидатот на Републиканците Доналд Трамп. 

Според испитувањата на јавното мислење поради бегалската криза во Европа и терористичките напади во Франција популарноста на Ле Пен за претседателските избори се зголемува така да се очекува Таа да биде едниот од двајцата кандидати кои по првиот круг ќе се натпреваруваат во вториот круг од претседателските избори.

Инаку 2017 година ќе биде година на избори во Франција каде што приближно 43 милиони бирачи најпрвин ќе гласаат за нов претседател на земјата, а потоа ќе ги изберат и новите пратеници.

Француските граѓани најпрвин на 23 април и 7 мај ќе излезат да гласаат на претседателските избори кои ќе се одржат во два круга, а потоа на 11 и 18 јуни ќе гласаат на парламентарните избори.



Слични вести