Денеска руските граѓани гласаат за новиот состав на Думата

Руските граѓани денеска гласаат за новиот состав на долниот дом на парламентот Државната Дума и за новите органи на регионалните и локалните власти

572180
Денеска руските граѓани гласаат за новиот состав на Думата

Денеска во Русија се одржуваат избори за новите пратеници во Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума.

На изборите на кои учествуваат 14 политички партии ќе бидат избрани новите 450 пратеници на Думата со мандат од 6 години.

И покрај тоа што поради санкциите на западните земји и падот на цените на нафтата Русија се соочува со економска криза, на изборите не се очекува да дојде до изненадување.

Анкетите покажуваат дека партијата Единствена Русија чиј претседател е премиерот Дмитриј Медведев и која е позната и како „Партија на Путин“, ќе извојува убедлива победа.

Заедно со изборите за новите пратеници на долниот дом Државната Дума се одржуваат и избори за бирање на новите органи на регионалните и локалните власти на Руската Федерација.

На изборите имаат право на глас приближно 112 милиони руски бирачи.



Слични вести