Сирискиот режим и покрај постигнатиот прекин на огнот продолжува да ја попречува хуманитарната помош

40 ТИР камиони на ОН натоварени со хуманитарна помош наменета за населението во областите под блокада и покрај тоа што ја преминаа турско-сириската граница сеуште се приморени да чекаат во царинската зона

571773
Сирискиот режим и покрај постигнатиот прекин на огнот продолжува да ја попречува хуманитарната помош
suriye yardım.jpg

По одлуката за 9-дневен прекин на огнот во Сирија која стапи на 12 септември во голема мера стивна и оружјето, меѓутоа и покрај тоа режимот на Асад не го дозволува влезот на конвоите со хуманитарна помош во некои области.

40 ТИР камиони на ОН натоварени со хуманитарна помош наменета за населението во областите под блокада и покрај тоа што ја преминаа турско-сириската граница сеуште се приморени да чекаат во царинската зона.

Портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања Џенс Ларке покажа реакција против режимот на Асад кој не го дозволува преминот на ТИР камионите со хуманитарна помопш и истакна дека оваа состојба ги зголемува нервите.

Руското министерство за одбрана истакна дека прекинот на огнот е мошне кршлив и ги повика ОН за продолжување на рокот на прекин на огнот за уште 72 часа.

Од друга страна САД покажуваат реакција против Русија по прашањето на дозволата на премините за доставување хуманитарна помош.

Во тие рамки американскиот државен секретар Џон Кери оствари телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Кери истакна дека САД нема да соработуваат со Русија се додека конвоите со хуманитарна помош не пристигнат во областите во кои постои потреба од помош.

По ваквиот развиој на настаните беше откажена и итната седница за Сирија на Советот за безбедност на ОН за која се очекуваше да се одржи вечерва и на која ќе се дискутираше за продолжувањето на прекинот на огнот во оваа земја.

Како причина за откажување на оваа седница беше изнесено тоа дека САД и Русија имаат потреба од поголемо време по прашањето на разгледување на деталите на прекинот на огнот во Сирија.

Освен тоа беше наведено дека седницата би можела да се одржи на 21 септември во среда и дека на истата е можно учество и на шефовите на дипломатиите на САД и Русија.

САД инсистираат во членот за доставување хуманитарна помош во Алепо кој што стои во договорот за прекин на огнот,

Русија пак ги обвинува САД за тоа дека не се придржуваат кон своите ветувања во однос на одделувањето на умерените опозициони групи од Ал Нусра.

Од друга страна портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на редовната дневна конференција за претставниците на печатот на едно поставено новинарско прашње во врска со прекинот на огнот во Сирија нагласи дека треба да се дозволи да се доставува хуманитарна помош на областите каде што постои потреба од помош и да се намали насилството во оваа земја.

Ернест подвлече дека не може да стане збор за одредена воена соработка со Русија се додека не се увиде дека оваа земја искористувајќи го својот авторитет врз режимот на Асад не овозможи да се намали насилството што го врши режимот и се додека не се дозволи доставување хуманитарна помош во областите во кои постои потреба од помош.

Исто така и портпаролот на американскиот државен секретаријат Марк Тонер истакна дека прекинот на огнот во Сирија и покрај тоа што не е извонреден во основа продолжува.

Тонер на редовната дневна конференција за претставниците на печатот беше запрашан и за тоа зошто не и се соопштуваат на јавноста деталите на постигнатиот договор за прекин на огнот во Сирија.

На ова прашање Марк Тионер одговори дека договорот содржи чувствителни прашања и дека САД сметаат оти доколку и бидат соопштени на јавности можат да бидат злоупотребени или да бидат погрешно сфатени.

Освен тоа Тонер коментираше дека изјавите би можеле да ја доведат во опасна состојба позицијата на некои опозиционери и умерени опозиционри.

Голем број земји упатуваат повик САД и Русија да ги соопштат деталите на постигнатиот договор за прекин на огнот во Сирија.



Слични вести