Петиција за бегалците и мигрантите потпишана од страна на 1,2 милиони лица доставена до Бан Ки-мун

Пред самитот што ќе се одржи на 19 септември во понеделник на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун му беа доставени собраните потписи од целиот свет за петицијата со која се бара веќе да се направи нешто за мигрантите и бегалците

572067
Петиција за бегалците и мигрантите потпишана од страна на 1,2 милиони лица доставена до Бан Ки-мун

ОН за прв пат во својата историја се подготвуваат да одржат состанок на врвот посветен на мигрантите и бегалците.

Пред самитот што ќе се одржи на 19 септември во понеделник на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун му беа доставени собраните потписи од целиот свет за петицијата со која се бара веќе да се направи нешто за мигрантите и бегалците.

Во рамките на кампањата што Високиот комесаријат за бегалци на ОН ја започна во јуни преку интернет петицијата со која се бара веќе да се направи нешто за мигрантите и бегалците ја потпишаа 1 милион 200 илјади лица. 

Во молбата се упатува повик до лидерите на 193 земји членки за живеење на сите мигранти на безбедно место, да се обезбеди можност за нивно вработување и да се вложат напори за да можат сите мигрантски деца да добиваат образование.

Во светот сеуште повеќе од 65 милиони луѓе или пребегале во други земји или станале бегалци во сопствената земја.

Приближно 4 милиони деца се во положба на мигранти или бегалци и 62-отсо од нив не добиваат никакво образование.



Слични вести