Лидерите на 27 земји членки на ЕУ спремни за изградба на нова иднина без Велика Британија

На еднодневниот неформален самит на ЕУ во Братислава на кој не беше поканета Велика Британија лидерите на 27 земји членки изразија спремност за заедничка работа за изградба на нова иднина без Велика Британија

571888
Лидерите на 27 земји членки на ЕУ спремни за изградба на нова иднина без Велика Британија

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ вчера се состанаа во словачкиот главен град Братислава, што претставува нивна прва средба по одлуката на Велика Британија за напуштање на Унијата.

На еднодневниот неформален самит на кој не беше поканета Велика Британија лидерите на 27 земји членки изразија спремност за заедничка работа за изградба на нова иднина без Велика Британија.

Лидерите на 27 земји членки разговараа за плановите на Унијата посветени на безбедноста, мигрантската криза и економијата.

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ одлучија за изградба на нова иднина без Велика Британија во рок од 6 месеци да се воспостави доверба и заедништво со една нова визија.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ја дадоа пораката дека со заедничка работа повторно ќе бидат воспоставени довербата и успехот во ЕУ.

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск рече: „Треба да работиме интензивирајќи се над останатите 27 земји. Не можеме вечно да се фокусираме на одделувањето на Велика Британија.“

Доналд Туск истакна дека британската премиерка Тереза Меј е подготвена за разговори во јануари или февруари идната година.

Во меѓувреме буди заинтересираност како ќе делува Велика Британија во процесот на одделување од ЕУ.

Од друга страна својот белег на лидерскиот самит на ЕУ во Братислава го удри протестот на италијанскиот премиер Матео Рензи.

Како што се дознава италијанскиот премиер Матео Рензи во знак на протест против предлозите на Германија и Франција во врска со решението за бегалската криза и економските проблеми ја откажал испланираната заедничка конференција за претставниците на печатот со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Според објавените вести во италијанскиот печат, премиерот Рензи рекол: „Не можам да одржам заедничка конференција со Меркел и Оланд, бидејќи не ги споделувам добиените резултати. Тоа не е прашање за полемика. Не сум задоволен од резултатите од самитот во врска со економијата и миграцијата.“ 

Италијанскиот премиер Матео Рензи и во пораката што ја објави преку својата сметка на Твитер нагласи дека Европа треба да ги смени своите политики во врска со миграцијата и економијата.

Италија како земја која е подложена на најинтензивен бран мигранти застанува во одбрана на тоа дека треба да се постигнат договори меѓу африканските земји и ЕУ за мигрантите.



Слични вести