„САД не знаат дека терористите на ПЈД поставиле американски знамиња на некои згради во Тел Абјад“

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Питер Кук наведе дека не знаат за вестите околу тоа дека терористите на ПЈД поставиле американски знамиња на некои згради во Тел Абјад во Сирија

571635
„САД не знаат дека терористите на ПЈД поставиле американски знамиња на некои згради во Тел Абјад“

САД застанаа во одбрана на тоа дека не знаат дека терористите на ПЈД кои инаку ги дефинираа како нивни „сојузници“ поставиле американски знамиња на некои згради во Тел Абјад во Сирија.

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Питер Кук наведе дека не знаат за вестите околу тоа дека терористите припадници на ПЈД која инаку е продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК поставиле американски знамиња на некои згради во населеното место Тел Абјад во Сирија.

На едно поставено новинарско прашање на одржаната конференција за претставниците на печатот, Питер Кук рече: „Ако постои такво нешто за тоа ќе разговараме со нашите сојузници. Меѓутоа и претходно ги повикавме нашите партнери самите да не поставуваат американско знаме.“

Американските знамиња кои што терористичката организација ПЈД ги поставила на три места во областа Мумбатих во Тел Абјад во Сирија можат да се видат и од населеното место Акчакале кај градот Шанлиурфа, од турска страна на границата.

Терористите на ПЈД и на 2 септември поставија американски знамиња во селото Рафи кај населеното место Менбич западно од реката Еуфрат во Сирија за кои пак локални извори истакнуваат дека терористите овие знамиња ги користат како штит.



Слични вести