Оланд: Европа треба самата да ја воспоставува сопствената безбедност и без САД

Францускиот претседател Франсоа Оланд истакна дека Европа треба самата да ја воспоставува сопствената безбедност и без САД

571570
Оланд: Европа треба самата да ја воспоставува сопствената безбедност и без САД

Францускиот претседател Франсоа Оланд непосредно пред еднодневниот неформален самит на ЕУ во главниот град на Словачка Братислава одговараше на прашањата на новинарите.

Оланд истакна дека Европа треба самата да ја воспоставува сопствената безбедност и без САД.

Велејќи „По Брекзит пред Европа се наоѓа испит кој што треба да го положи. Треба да разјасниме соодветен план за тоа“, Франсоа Оланд напомена дека за повторно воспоставување на довербата во Европа на самитот ќе бидат поставени на разгледување прашања како што се безбедноста, спремноста за иднината и прилики за младите.

Оланд стави акцент на значењето да се постигне едногласност како Европа во однос на заеднички проект и додаде дека доколку не може да се изнајде заедничка точка за консензус ќе се биде несупешен.

Подвлекувајќи дека главна тема на самитот во Братислава ќе биде поготово безбедноста, Франсоа Оланд се осврна и на планот за европска одбранбена унија кој што заеднички ќе биде доставен од страна на Франција и Германија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд рече: „Прашањето со одбраната е во својство на проблем за Европа. Доколку не можеме да ги одбраниме нашите интереси и вредности нема да остане ниту Унија ниту континент. Заедно со нашите американски сојузници треба да ја воспоставиме самите нашата сопствена одбрана во рамките на Атлантскиот договор. Европа треба самата да ја воспоставува сопствената безбедност и без САД.“



Слични вести