Лидерски самит на ЕУ во главниот град на Словачка, Братислава

ЕУ која поминува низ еден тежок период на овој еднодневен самит ќе ги постави на маса своите планови за во иднина особено по прашањата на бегалската криза и терористичките напади

571295
Лидерски самит на ЕУ во главниот град на Словачка, Братислава

Главниот град на Словачка, земјата привремен претседавач со ЕУ, Братислава е домаќин на лидерскиот самит на земјите членки на ЕУ.

ЕУ која поради одлуката на Велика Британија за напуштање на Унијата, едно по друго реализираните терористички напади и бегалската криза поминува низ еден тежок период, на овој лидерски самит ќе ги постави на маса своите планови за во иднина.

Од еднодневниот самит во Братислава на кој што не е поканета Велика Британија не се очекува да произлезе било каква обрзувачка одлука.

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск во дадената изјава веднаш по доаѓањето во Братислава рече: „Не треба да дозволиме да се прошири кризата низ која што поминува Унијата.“

Во меѓувреме пред лидерскиот самит во Братислава германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се состанаа во Париз.

Двајцата лидери се обидоа да определат заеднички став за да би се справиле со кризите со кои што се соочува ЕУ и за да би се стекнала Унијата повторно со својата некогашна сила.

Меркел и Оланд особено ставија акцент на значењето од воспоставување на пограничната безбедност по прашањата на бегалската криза и терористичките напади. 

Лидерите на земјите членки на ЕУ по еднодневниот самит во Братислава на почетокот на идната година ќе се состанат на Малта.



Слични вести