Критичен самит на лидерите на 27 земји членки на ЕУ во Братислава

На самитот на ЕУ во словачкиот главен град Братислава освен лидерите на 27 земји членки на ЕУ со исклучок на Велика Британија, учествуваат и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

571755
Критичен самит на лидерите на 27 земји членки на ЕУ во Братислава

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ се состанаа во словачкиот главен град Братислава каде што дискутираат за иднината на Унијата.

Самитот на ЕУ започна во тврдината на Братислава, која се надвиснува над Дунав.

На овој критичен лидерски самит се дискутира за прашања како што се иднината на проектот на ЕУ по одлуката на Велика Британија за Брекзит, односно напуштање од Унијата, бегалската криза, ситуацијата во Украина, економијата и борбата против тероризмот.

На самитот освен лидерите на 27 земји членки на ЕУ со исклучок на Велика Британија, учествуваат и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Во главниот град на Словачка Братислава каде што се одржува самитот се преземени строги безбедносни мерки од широки рамки.

Самитот се следи од страна на над 1.300 новинари од 79 земји ширум светот. 

На самитот не е поканета Велика Британија која на одржаниот референдум одлучи да ја напушти ЕУ.

Самитот во Братислава е прва лидерска средба која се одржува надвор од Брисел по 2010 година.

Главна точка за која ќе се дискутира е патната карта што ќе ја следи проектот ЕУ.

По самитот премиерот на Словачка чија земја ја извршува функцијата привремен претседавач со ЕУ Роберт Фико и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск ќе одржат заедничка конференција за претставниците на печатот.



Слични вести