Египет го отвори за привремено во времетраење од 4 дена граничниот премин Рефах

Египетските власти донесоа одлука почнувајќи од 18 септември во недела за отворање во времетраење од 4 дена со привремени паузи на граничниот премин Рефах за враќање во појасот Газа на приближно 500 Палестинци кои го исполнија верскиот обред аџилак

571754
Египет го отвори за привремено во времетраење од 4 дена граничниот премин Рефах

Египетските власти донесоа одлука за привремено отворање за еднострани премини во времетраење од 4 дена од граничниот премин Рефах, единствената врата на појасот Газа која се отвора кон светот поради израелската блокада.

Директорот на граничниот премин Рефах од палестинска страна Хишам Адван истакна дека египетските власти донесоа одлука почнувајќи од 18 септември во недела за отворање во времетраење од 4 дена со привремени паузи на граничниот премин Рефах за враќање во појасот Газа на приближно 500 Палестинци кои го исполнија верскиот обред аџилак на светите територии.

Адван рече дека граничниот премин кој ќе биде отворен во недела потоа во понеделник и вторник ќе биде затворен, а потоа на 3 дена повторно ќе биде отворен за еднострани премини.

Египет претходно на 30 август го отвори за 3 дена граничниот премин Рефах за да би можеле кандидатите за аџии од Газа да заминат за светите територии во Саудиска Арабија.

Египетските власти повремено го отвораат за кусо време граничниот премин Рефах кој го затворија по реализираниот воен удар на 3 јули во 2013 година.



Слични вести