Група нео-нацисти нападнаа бегалци во градот Баутзен во Германија

Група од 100-тина нео-нацистите извикувајќи расистички слогани нападнале група од 20-сетина бегалци кои седеле на плоштадот во германскиот град Баутзен во источниот дел на земјата

571491
Група нео-нацисти нападнаа бегалци во градот Баутзен во Германија

Судир помеѓу група екстремни десничари нео-нацисти и бегалци во градот Баутзен во источниот дел на Германија.

Група од 100-тина нео-нацистите извикувајќи расистички слогани нападнале група од 20-сетина бегалци кои седеле на плоштадот во градот.

По нападот групата бегалци под полициска заштита биле однесени во домот каде што биле сместени.

Меѓутоа групата нео-нацисти фрлала камења на домот и го спречила амбулантното возило кое дошло за да однесе во болница еден од повредените бегалци во нападот.

Во градот Баутзен во источниот дел на Германија во последно време се согледува раст во нападите на екстремните десничари нео-нацисти против бегалците.



Слични вести