Бан Ки-мун: Досега на палестинските територии се сместени повеќе од 500 илјади израелски доселеници

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека израелските доселенички населби се во спротивност со меѓународното право и напомена дека досега на палестинските територии се сместени повеќе од 500 илјади израелски доселеници

571439
Бан Ки-мун: Досега на палестинските територии се сместени повеќе од 500 илјади израелски доселеници

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во својот говор што го одржа на состанокот пред Советот за безбедност под наслов „Блискиот исток и палестинскиот проблем“ нагласи дека поради израелската политика за формирање на нови населби што ја продолжува на палестинските територии со децении досега на овие територии се сместени повеќе од 500 илјади израелски доселеници.

Изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху околу тоа дека „оние кои се противат на проширувањето на нашите населби го поддржуваат етничкото чистење“, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја оцени како „мошне погрдна и неприфатлива“.

Привлекувајќи внимание дека состојбата на палестинските територии е целосно спротивна на целта за формирање на независна држава Палестина, Бан Ки-мун рече: „Тоа што продолжуваат насилството и формирањето на нови доселенички населби, на местото на целта за изнаоѓање решение со постоење на две држави ја изнесува реалноста за постоење на само една држава.“   

Бан Ки-мун подвлече дека израелските доселенички населби на палестинските територии се во спротивност со меѓународното право и напомена дека треба да се стави крај на окупацијата на палестинските територии и притисокот врз палестинскиот народ. 

Осврнувајќи се и на блокадата врз Газа, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун напомена дека поради оваа блокада приближно 2 милиони жители на Газа се соочуваат со тешкотии и додаде дека оваа состојба воедно ги храни и нестабилноста и екстремизмот во Газа.

 



Слични вести