Женска солидарност за помош на Газа

Од пристаништето во Барцелона тргна 4’тата флота со хуманитарна помош за Газа која е под израелска опсада

570961
Женска солидарност за помош на Газа

Од пристаништето во Барцелона тргна 4’тата флота со хуманитарна помош за Газа која е под израелска опсада. Цел на активистите жени припаднички на Слободна цивилна иницијатива е да ја пробијат блокадата над Газа која трае подолг период.

Пред флотата да отплови од Барцелона се одржа пригодна манифестација на која учествуваа голем број активисти и граѓани меѓу кои и градоначалничката на Барцелона Ада Колау која ја изрази својата поддршка на акцијата помош за Газа.

Поддршка на иницијативата „ Жените за мир во Газа“ пристигна и од Турција. Група жени активисти од Истанбул се собраа пред гимназијата Галатасарај на авенијата Истиклал во Таксим и прочитаа проглас пред новинарите во знак на поддршка на женската иницијативата за пробивање на блокадата над Газа.



Слични вести