Здравствената состојба на Хилари Клинтон е нормална и таа одлично се чувствува

Хилари Клинтон е здрава и во стабилна психичка состојба и спремна е да ја извршува највисоката државничка должност во САД, претседател, изјави нејзиниот лекар

571115
Здравствената состојба на Хилари Клинтон е нормална и таа одлично се чувствува

Здравствената состојба на Хилари Клинтон е нормална и таа одлично се чувствува

Хилари Клинтон е здрава и во стабилна психичка состојба и спремна е да ја извршува највисоката државничка должност во САД, претседател, изјавиј нејзиниот лекар

68 годишната Хилари Клинтон  поранешна прва дама на САД и актуелен кандидат на демократите за иден претседател се лекува од воспаление на белите дробови во нејзиниот дом. Нејзиниот личен лекар Лиза Бардок ја посети и потоа изјави дека здравствената состојба на Клинтон е нормална и дека таа одлично се чувствува.

Клинтон е здрава и психички стабилна состојба и спремна е да ја извршува највисоката државничка должност во САД,додаде доктор Бардок.

Хилари клинтон во недела во асистенција на својот тим ја напушти церемонијата на одбележување на 15.годишнината од терористичкиот напад на Њујорк. Првин беше соопштено дека има зголемена телесна температура а нешто потоа беше објавена информација дека добила воспаление на белите дробови.

Инаку здравствената состојба на Клинтон е главна тема во јавноста во САД неколку дена во екот на предизборната кампања. Нејзиниот противник кандидатот на републиканците Доналд Трамп инсистира на тврдењето дека Клинтон не е способна да ја извршува највисоката државничка функција во земјата.



Слични вести