Шокантен коментар од директорот на ЦИА: Џон Бренан: Можна е поделба на Сирија и Ирак
иректорот на ЦИА во интервју за „CTC Sentinel“ кој се издава од страна на воената академија Вест Поинт истакна дека може да дојде до поделба на Сирија и Ирак

Шокантен коментар од директорот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА Џон Бренан: Можна е поделба на Сирија и Ирак.
Директорот на ЦИА во интервју за „CTC Sentinel“ кој се издава од страна на воената академија Вест Поинт истакна дека државната градба на Сирија и Ирак е влошена до непоправлив стспен и дека се сомнева во тоа оти повторно би можеле да ја воспостават својот територијален интегритет.
Бренан рече дека не претпоставува оти и двете овие земји би можеле да се управуваат од страна на свои централни влади.
Џон Бренан напомена дека во Сирија и Ирак на кои освен со пролеаната крв и рушењето им е нанесена голема штета и со продолжување на етничките и секташките тензии би можеле да се појават голем број автономни области.
Директорот на ЦИА воедно ги изнесе своите ставови и во врска со префрлувањето на терористичката организација ДЕАШ и во Јемен каде што продолжува да се води граѓанска војна.
Бренан додаде дека ДЕАШ во Јемен е во соработка со групите поврзани со Ал Каеда.