На жичара на Мон Блан на Алпите заглавени 110 лица

Беше започната операција за спасување на 110 лица кои останаа заглавени во кабините на жичарата поставена помеѓу два врва на Алпите

568318
На жичара на Мон Блан на Алпите заглавени 110 лица

Во една жичара во близина на Мон Блан, највисокиот врв на највисоката планина на Европа Алпите на француско-италијанската граница останаа заглавени 110 лица.

Беше започната операција за спасување на лицата кои останаа заглавени во кабините на жичарата поставена помеѓу два врва на Алпите.

Најпрвин беа спасени 77 лица, а потоа за останатите 33-јца заглавени лица кои чекаа да бидат спасени им беа доставени храна и ќебиња.

Заедно со 33-јцата заглавени лица и спасувачките екипи ја поминаа ноќта на надморска височина од 3 илјади метри.

Беше соопштено дека жичарата застанала поради силниот ветар.



Слични вести