Комисијата на Европската унија ја објави програмата „Социјално безбедносна мрежа за итни случаи“

Бегалците со електронските картички ќе можат да ги купат најосновните производи од домашниот пазар

568341
Комисијата на Европската унија ја објави програмата „Социјално безбедносна мрежа за итни случаи“

Комисијата на Европската унија ја објави програмата „Социјално безбедносна мрежа за итни случаи“ со која се предвидува да се обезбеди финансиска поддршка на Турција за сириските бегалци.

Во рамките на програмата со електронски картички за трошење ќе се доделат 348 милиони евра за сириските бегалци во Турција кои имаат потреба од финансиска поддршка.

Бегалците со овие картички ќе можат да ги купат најосновните производи од домашниот пазар.

Програмата за хуманитарна помош ќе се раководи заедно од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД), Турската хуманитарна организација Црвена полумесечина и Министерството за семејни и социјални политики како и Светската програма за храна.

Со проектот се предвидува до првиот квартал на идната година да се обезбеди пристап до околу еден милион бегалци.



Слични вести