Комеморација во Беринген за хероите кои загинаа во борбата против обидот за воен удар

Приврзаниците на терористичката организација ФЕТО се инфилтрирале во финансиските установи, полицијата, медиумите на европските земји

568327
Комеморација во Беринген за хероите кои загинаа во борбата против обидот за воен удар

Под покровителство на Сојузот на европските турски демократи во белгискиот град Беринген беше одржана комеморација за хероите кои загинаа во борбата против обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули.

Во рамките на програмата беа интерпретирани и песните кои беа напишани за претседателот Реџеп Тајип Ердоган а исто така беше одржана синевизија за случувањата кои беа доживеани ноќта на 15 јули за време на обидот за воен удар.

Пратеникот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) од Истанбул Метин Ќулунк кој учествуваше на програмата, во говорот во оваа прилика рече дека приврзаниците на терористичката организација ФЕТО се инфилтрирале во финансиските установи, полицијата, медиумите на европските земји и дека европските пратеници ги држат под контрола под изговор дека лобираат.

Ќулунк додаде дека европските земји не обезбедиле доволна поддршка на Турција во борбата против обидот за воен удар и дека за жал истите земји продолжуваат да обезбедуваат престој на приврзаниците на ФЕТО кои побегнаа и се засолнаа во овие земји.

Тоа не е правилно, рече пратеникот Ќулунк и ги повика европските пријатели да ги протераат приврзаниците на сите терористички организации од нивните територии. Затворете ги нивните училишта бидејќи еден ден ќе ве снајде слична неволја. Извлечете поука од случувањата на 15 јули во Турција, рече Ќулунк.



Слични вести