Железничка несреќа во Гиза во Египет: Загинаа 5 лица

Патничкиот воз кој патувал од египетскиот главен град Каиро за Саид во близина на населбата Ијат кај градот Гиза поради преголема брзина при менување на колосекот излетал од шините и во несреќата животот го загубија 5 лица, а 17 лица беа повредени

567303
Железничка несреќа во Гиза во Египет: Загинаа 5 лица

Во железничка несреќа до која дојде при превртување на три вагони на еден патнички воз во градот Гиза во Египет животот го загубија 5 лица, а 17 лица беа повредени.

Патничкиот воз кој патувал од египетскиот главен град Каиро за Саид во близина на населбата Ијат кај градот Гиза поради преголема брзина при менување на колосекот излетал од шините.

Три вагони на возот се превртеле.

Населбата Ијат е познато како место каде што се случуваат најголем број железнички несреќи во Египет.

Во истата населба во 2002 година се појави пожар во еден воз во кој животот го загубија 250 лица.

Во 2009 година пак дојде до судир помеѓу два патнички воза и животот го загубија 30 лица, а 60 лица беа повредени.



Слични вести