Руски воени авиони ја бомбардираа населбата Сукери во Алепо: 28 лица загинаа, а 57 лица се повредени

Руски воени авиони реализираа воздушен напад во Алепо во населбата Сукери која се наоѓа под контрола на сириските опозиционери во кој животот го загубија 28 лица, а 57 лица се повредени

567447
Руски воени авиони ја бомбардираа населбата Сукери во Алепо: 28 лица загинаа, а 57 лица се повредени

Во воздушен напад реализиран од страна на руски воени авиони во градот Алепо, на населбата Сукери која се наоѓа под контрола на сириските опозиционери животот го загубија 28 лица, а 57 лица се повредени.

Во воздушниот напад беа оштетени голем број згради.

Населбата Сукери во градот Алепо и во вторникот беше цел на напад на силите на сирискиот режим.

Во реализираниот напад со хлорни барел бомби на оваа населба беа повредени приближно 100-тина лица меѓу кои имаше и жени и деца.

Турција остро го осуди овој напад со отровниот гас хлор.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека нападот за кој станува збор претставува отворено прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН број 2218 и 2209.

Во соопштението се вели: „Реализацијата на овој напад веднаш откако од страна на Организацијата за забрана на хемиското оружје и Механизмот за заедничко истражување на ОН беше установено дека режимот употребил хемиско оружје и во период кога се интензивираат напорите за повторно воспоставување на пропаднатиот прекин на огнот, уште еднаш изнесе на виделина дека сирискиот режим не и обрнува внимание на меѓународната заедница.“

Во соопштението на министерството се упатува повик до меѓународната заедница земајќи го во повод наближувањето и на Курбан Бајрам да се воспостави средината на стопирање на судирите во Алепо и во цела Сирија, а воедно се нагласува дека и Турција ќе продолжи да води напори на овој пат.



Слични вести