Руски авион пресретнал американски авион над Црното море

Овој вид опасни маневри предизвикуваат загриженост

567417
Руски авион пресретнал американски авион над Црното море

Американското министерство за одбрана соопшти дека над Црното Море од страна на руски борбен авион беше извршено пресретнување на еден американски извиднички авион.

Портпаролот на американското министерство за одбрана капетан Џеф Дејвис на прашањето на дописникот на Агенцијата Анадолија одговори дека руски борбен авион од типот Су-27 извршил многу блиску и небезбедно пресретнување во меѓународниот воздушен простор над Црното море на американскиот борбен авион од типот П-8А Посејдон.

Портпаролот Дејвис рече дека американскиот авион вршел рутинско надлетување на Црното море и дека пресретнувањето траело 19 минути.

Дејвис додаде дека американските авиони и бродови авионите на Русија ги пресретнуваат рутински во регионот, дека тоа честопати било извршено безбедно и професионално.

За жал овој вид опасни маневри предизвикуваат загриженост. Овој вид акции имаат потенцијал на непотребно зголемување на напнатоста во регионот и погрешни проценки или пак несреќи.

Еден висок претставник на Пентагон во изјавата за печатот за време на посетата на американскиот министер за одбрана Аштон Картер на Англија рече дека рускиот авион се доближил на растојание до 10 метри до американскиот авион, дека кратко време растојанието се намалило дури до 3 метри.



Слични вести