Во сообраќајна несреќа на службениот автомобил на Путин загина неговиот личен возач

Службениот автомобил на Путин додека се движел по прометната авенија Кутузовски во главниот град Москва силно удрил во друг автомобил кој преминал на другата лента. Личниот возач на Путин загинал на самото место на несреќата

566886
Во сообраќајна несреќа на службениот автомобил на Путин загина неговиот личен возач

Во сообраќајна несреќа на службениот автомобил на рускиот претседател Владимир Путин загина неговиот личен возач.

Службениот автомобил на Путин додека се движел по прометната авенија Кутузовски во главниот град Москва силно удрил во друг автомобил кој преминал на другата лента.  

Несреќата се случила за време на престојот на рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г-20 во Кина.

Личниот возач на Путин загинал на самото место на несреќата додека другиот возач на автомобилот кој бил замешан во несреќата бил префрлен на лекување во болница, но здравствената состојба му била тешка.

Полицијата ја истражува причината за несреќата додека некои извори тврдат дека станува збор за обид за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести