Слободната сириска армија (ССА) со голема брзина напредува кон стратешката област Ел Баб

Слободната сириска армија (ССА) поддржана од Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Еуфратски штит со голема брзина продолжува да напредува кон стратешката област Ел Баб која се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ

567199
Слободната сириска армија (ССА) со голема брзина напредува кон стратешката област Ел Баб

Напредувањето на Слободната сириска армија (ССА) во северниот дел на Сирија поддржана од Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Еуфратски штит ги насочи погледите кон областа Ел Баб која се наоѓа на приближно 30 километри јужно од границата со Турција.

Ел Баб се наоѓа на 60 километри југозападно од Џераблус и 30 километри јужно од Чобанбеј и е најголемо населено место во реонот на градот Алепо.

Во моментов ова Ел Баб е под контрола на терористичката организација ДЕАШ.

Исчистувањето целосно од терористите на линијата Џераблус-Азез во рамките на операцијата секако е од доста големо значење поготово кога ќе се земат во предвид и минофрлачките ракети кои што паѓаа на територијата на Турција во областите во близина на границата со Сирија. 

Сепак дострелот на оружјето со кое располага терористичката организација ДЕАШ е со капацитет да може да ја надмине и линијата Џераблус-Азез.

Така кога ќе се земе во предвид оваа состојба исчистувањето на оваа линија од терористите и не е доволно за вопсотавување на пограничната безбедност на Турција.

Затоа од терористичките групи треба да се исчисти и населеното место Ел Баб.

Во тие рамки Слободната сириска армија (ССА) поддржана од Турските вооружени сили (ТВС) која и во текот на вчерашниот ден зазеде уште 6 села со голема брзина продолжува да напредува кон Ел Баб.

Едната од причините поради која терористичката организација ДЕАШ не сака да го изгуби Ел Баб пак е тоа што ова место е значаен индустриски и трговски центар од аспект на областа.

Затоа организацијата откако ги изгуби Џераблус, Менбич и Чобанбеј сега ги засили своите сили во областа околу Ел Баб каде што пак ја нема само ДЕАШ туку овде се наоѓаат и сили на терористичката организација ЈПГ.

Главна цел на ЈПГ е да се формира коридор под нејзина контрола кој што ќе се протега до Средоземното Море.

Од друга страна со заземање на Ел Баб од страна на Слободната сириска армија (ССА) ќе западнат во вода и сите планови на терористичките организации и силите кои се наоѓаат во нивната позадина, во регионот.



Слични вести