Лавров и Кери водеа телефонски разговар посветен на Сирија

Шефовите на дипломатиите на Русија и САД, Лавров и Кери одлучиле да се состанат на 8 и 9 септември во Женева и притоа да разговараат за борбата против тероризмот, хуманитарната помош и политичките процеси во Сирија

567278
Лавров и Кери водеа телефонски разговар посветен на Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери остварија телефонски разговор посветен на Сирија.

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека  Лавров и Кери одлучиле да се состанат на 8 и 9 септември во Женева и притоа да разговараат за борбата против тероризмот, хуманитарната помош и политичките процеси во Сирија.

Освен тоа во разговорот станало збор и за прашањето за проширување на спискот на санкции на САД кон руските фирми.



Слични вести