Асадовиот режим реализира напад врз населба во Алепо со хлорна барел бомба

Хеликоптери на сирискиот режим реализираа напад со хлорна барел бомба на населбата Сукери во Алепо во кој приближно 100 лица меѓу кои и жени и деца поради труење беа префрлени во болница

566912
Асадовиот режим реализира напад врз населба во Алепо со хлорна барел бомба

Режимот на Башар Асад реализира напад врз населбата Сукери во Алепо со хлорна барел бомба.

Хеликоптери на сирискиот режим реализираа напад со хлорна барел бомба на населбата Сукери во Алепо во кој приближно 100 лица меѓу кои и жени и деца поради труење беа префрлени во болница.

На лицата кои беа подложени на влијанието на отровниот гас им беа дадени гас маски.

Снимките снимени со аматерски камери беа раздадени од страна на сириската група за цивилна одбрана која беше вклучена во активностите за спасување на лицата подложени на влијанието на отровниот гас.

Според едно истражување кое беше спроведено од страна на ОН силите на сирискиот режим минатиот месец најмалку два пати употребиле отровен гас хлор.

Од друга страна сирискиот режим секогаш ги демантира тврдењата околу тоа дека употребил хемиско оружје. 

Употребата на хлорот кој е распространет отровен гас е забранета со конвенцијата за хемиско оружје која стапи во сила во 1997 година.



Слични вести