Арапската лига го осуди Израел поради затворање на влезовите на 10 села јужно од градот Наблус

Арапската лига истакна дека попречувањето на влезовите на 10 села на Западниот брег од страна на Израел е во спортивност со меѓународното право и меѓународните договори

567014
Арапската лига го осуди Израел поради затворање на влезовите на 10 села јужно од градот Наблус

Според веста на египетската новинска агенција МЕНА во објавеното писмено соопштение од Арапската лига се истакнува дека Израел со бетонски бариери и земјени насипи ги затворил влезовите на 10 села јужно од градот Наблус.

Во соопштението се вели дека оваа примена е реализирана во рамките на обидот на Израел палестинските села да бидат претворени во затвори под отворено и да им се нанесе удар на нивните економии, а воедно се укажува и на тоа дека тоа што Израел го зголемува бројот на воените контролни пунктови и ја продолжува блокадата претставува колективно казнување.

Се упатува повик до меѓународната заедница и меѓународните организации на чело со ОН и Советот за безбедност на ОН да стапат во акција за стопирање на израелските прекршувања на правата на палестинскиот народ и се привлекува внимание дека доколку продолжи оваа состојба истата ќе стане причина за појава на тешкотии кои ќе се одразат на безбедноста во регионот и светот.

Гасан Даглас, одговорен за досието за еврејските населби при палетсинската управа претходно соопшти дека израелски војници за безбедноста на еврејските доселеници кои го користат главниот пат на селото Хаваре во јужниот дел на градот Наблус ги затвориле со бетонски бариери и земјени насипи влезовите од споредните патишта во селата во областа како што се Хаваре, Бејта, Аврета, Бурин, Евдела и Ајнебус.



Слични вести