Во вооружен судир и напади во Јемен загинаа 11 лица

Продолжуваат судирите и нападите во Јемен каде што како последно во градовите Таиз и Мариб животот го загубија 11 лица, а 26 лица се ранети

565980
Во вооружен судир и напади во Јемен загинаа 11 лица

Во вооружен судир и реализирани напади во градовите Таиз и Мриб во Јемен животот го загубија 11 лица, а 26 лица се ранети.

Во објавеното соопштение од страна на провладините Сили за народен отпор се истакнува дека во реализираниот напад од страна на Хусите за заземање на областа Хан Даги кај градот Таиз загинал еден војник, додека во вооружениот судир во областа Ед-Дабаб загинале 9 Хуси. 

Во меѓувреме во реализираните напади од страна на Хусите со ракетни минофрлачи и топовски истрели врз цивилни населени места во центарот на градот Таиз загина едно цивилно лице, а 6 цивили беа повредени.

Во експлозија на поставена бомба на крајот на еден пат во областа каде што се стационирани јеменски национални армиски  единици во градот Мариб пак беа повредени 20 војници.

Одговорноста за нападот засега не ја презеде никој.



Слични вести