Средба Обама-Путин на лидерскиот самит на Г-20 во Кина

Во рамките на самитот на Г-20 во Кина беше остварена средба и помеѓу американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин

Средба Обама-Путин на лидерскиот самит на Г-20 во Кина

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин се состанаа во градот Хангџоу во Кина каде што престојуваа по повод лидерскиот самит на земјите од групата Г-20.

Обама и Путин кои најпрвин претседаваа со меѓуделегациските разговори потоа остварија средба лице в лице на која ги поставија на маса прашањата за систуацијата во Сирија и Украина. 

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека средбата Путин-Обама траела подолго и поминала подобро од она што се очекуваше и истакна дека двете страни ќе продолжат да работат заедно. 

Воедно и неименуван функционер на Белата куќа изјави дека двајцата лидери направиле проценка на обидите кои што се водат за намалување на насилството во Сирија, обезбедување хуманитарна помош во регионот и постигнување договор по прашањата на борбата против Ал Каеда, Ал Нусра и ДЕАШ. 

Истиот функционер рече: „На остварените разговори вклучувајќи ги и разговорите помеѓу министрите за надворешни работи Кери и Лавров утрово беше постигнат напредок.“

Тој напомена дека Обама и Путин на средбата ги разјаснија празнините во врска со тоа како ќе се применува имплементацијата на прекинот на огнот и истакна дека двајцата лидери проценката за тоа како ќе може да се обезбеди да се постигне договор им ја препуштиле на министрите за надворешни работи Кери и Лаворв.  

Нагласувајќи дека проблемите кои што се појавија по прашањето на договорот се „техички“ прашања, истиот неименуван функционер на Белата куќа рече: „И покрај тоа што на последните разговори во Женева беа фрлени и некои чекори назад мислам дека денеска во најмала рака се вративме онаму од каде што тргнавме, на првобитната позиција.“

Истиот функционер истакна дека на средбата беше разговарано и за политичките чекори кои што ќе бидат фрлени во однос на Сирија и дека притоа Обама нагласил дека евентуалниот американско-руски договор ќе го забрза политичкиот процес во Сирија.

Велејќи дека САД се фокусирани на постигнување на одреден договор за прекин на огнот кој што ќе обезбеди можност за што побрзо доставување хуманитарна помош на Сирија, неименуваниот функционер на Белата куќа рече: „Министрите за надворешни работи кери и Лавров планираат да се состанат оваа недела. Доколку се постигне соодветно решение посакуваме тоа решение да се реализира колку што е можно поскоро поради тамошната хуманитарна состојба. Меѓутоа треба да бидеме сигурни во тоа оти овој договор навистина ќе биде од корист. Ете токму затоа ги продолжуваме средбите.“

Неколку часа пред средата Обама-Путин во Кина се состанаа американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.



Слични вести