Соопштена завршната декларација од лидерскиот самит на Г-20 во кинескиот град Хангзоу

Во декларацијата е ставено акцент на зајакнувањето на меѓународната трговија и развојот, сиромаштијата, инклузивниот и одржлив глобален развој, иноваторскиот економски раст, заедничката борба против тероризмот и зголемувањето на вработувањето

566153
Соопштена завршната декларација од лидерскиот самит на Г-20 во кинескиот град Хангзоу

Соопштена усвоената завршна декларација на лидерскиот самит на земјите од групата Г-20 што се одржа во кинескиот град Хангзоу.

Во завршната декларација на самитот на кој Турција ја претставуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е ставено акцент на зајакнувањето на меѓународната трговија и развојот, искоренувањето на сиромаштијата, инклузивниот и одржлив глобален развој, иноваторскиот економски раст, заедничката борба против тероризмот и зголемувањето на вработувањето.

Се упатува повик во врска со СДР-кошничката да биде направена пообемна финансиска и статистичка проценка за внесување на кинеската валута јуанот од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во кошничката за специјални права на влечење (СДР).

Се укажува на тоа дека одлуката на Велика Британија за одделување од ЕУ (Брекзит) носи неизвесности во глобалната економија и се подвлекува дека земјите од групата Г-20 ефикасно се подготвуваат пред можните економски и финансиски последици кои би биле предизвикани од Брекзитот, во светски рамки. 

Во завршната декларација стои изразот „Г-20 се надева дека Велика Британија во иднина ќе стане блисок партнер на ЕУ.“ 

Во декларацијата се нагласува заедничката борба против тероризмот и се истакнува дека независно од каде доаѓа тероризмот ќе бидат изолирани елементите како што се неговите финансиски извори и техничката инфраструктура. 

Од друга страна се нагласува дека сите земји треба да ги стават во примена своите дадени ветувања во однос на борбата против тероризмот како што се меѓусебното споделување на информации, замрзнувањето на имотот на терористите и имплементацијата на неопходните казни.



Слични вести