Порошенко: Крим и припаѓаше и припаѓа и ќе и припаѓа на Украина

На неодамнешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин во врска со тоа дека кримското прашање е веќе затворено украинскиот претседател Петро Порошенко одговори со зборовите: „Крим и припаѓаше и припаѓа и ќе и припаѓа на Украина“

566475
Порошенко: Крим и припаѓаше и припаѓа и ќе и припаѓа на Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко во говорот што го одржа пред парламентот по повод отворањето на новата законодавна година на неодамнешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин во врска со тоа дека кримското прашање е веќе затворено истакна дека ова прашање беше затворено  во 1954 и 1991 година.

Порошенко рече: „Крим и припаѓаше и припаѓа и ќе и припаѓа на Украина.“

Истакнувајќи дека руските и сепаратистички единици во Донбас се состојат од 38.500 лица опремени со повеќе од 600 тенка, 1.250 оклопни воени возила, 750 артилериски орудија и приближно 300 повеќецевни ракетни системи, Порошенко напомена дека треба да бидат продолжени санкциите против Русија.

„Она што е значајно е да се зајакне поддршката на меѓународната коалиција на Украина и да се спречи да бидат укинати санкциите против Русија се додека не биде повторно воспоставен територијалниот интегритет на Украина.“ - рече Порошенко.

Привлекувајќи внимание дека Украина ќе продолжи да води борба за својот територијален интегритет во границите од 1991 година, Порошенко одговори и на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин во текот на минатата недела кога истакна дека кримското прашање е веќе затворено. 

Украинскиот претседател Петро Порошенко рече: „Според изјавата на Путин кримското прашање како да е затворено. Ова прашање во вистинска смисла беше затворено во 1954 и 1991 година. Крим и припаѓаше, и припаѓа и ќе и припаѓа на Украина. Нема потреба да се зборува нешто друго.“

 

 



Слични вести