Руски воен авион ја бомбардираше единствената болница кај градот Идлиб во Сирија

Руски џет реализирал два воздушни напади врз болницата Шифа во населеното место Серакиб под контрола на сириските опозиционери во североисточниот дел на градот Идлиб, изјави Хазим Силејби, функционер за цивилна одбрана во регионот

565315
Руски воен авион ја бомбардираше единствената болница кај градот Идлиб во Сирија

Воен авион во сопственост на руската армија бомбардираше болница во населеното место Серакиб во близина на градот Идлиб во северниот дел на Сирија.

Хазим Силејби, функционер за цивилна одбрана во регионот изјави за новинската агенција Анадолија дека руски џет реализирал два воздушни напади врз болницата Шифа во населеното место Серакиб под контрола на сириските опозиционери, во североисточниот дел на градот Идлиб. 

Велејќи дека во нападот беше повредено едно лице истиот функционер Силејби рече: „Русите ја бомбардираа единствената болница во областа. Оваа болница беше во услуга на населението во Серакиб и околните села. По нападот беше предизвикана голема шета во болницата која е доведена во неупотреблива состојба.“ 

Русија од 30 септември минатата (2015) година кога започна нејзината воена интервенција во Сирија бомбардира училишта, болници и пазари и други прометни места со цивилно население во областите под контрола на противниците на сирискиот режим во градовите Идлиб, Алепо и Хама.



Слични вести