Обама: Турција е многу значаен партнер на САД

Нема намалување во безбедносните односи меѓу Турција и САД

564457
Обама: Турција е многу значаен партнер на САД

Американскиот претседател Барак Обама пред Самитот на Г20 во Кина и средбата со претседателот Реџеп Тајип Ердоган даде многу значајна изјава.

Обама во интервјуто за ТВ канал СиЕнЕн пред средбата рече дека Турција е многу значаен партнер.

Обама потенцираше дека нема намалување во безбедносните односи меѓу Турција и САД и дека Турција е значаен сојузник на САД во борбата против терористичката организација ДАИШ.

Случувањата на 15 јули во Турција Обама ги оцени како политички и цивилен земјотрес. Турската влада по овој земјотрес треба повторно да ја изгради земјата и дека САД сака да даде поддршка во овој процес.

Претседателите Ердоган и Обама утре во рамките на Самитот на Г20 ќе се состанат во Кина.



Слични вести