Почина претседателот на Узбекистан Ислам Керимов

Веста за церебрално крварење на претседателот Керимов преку интернет ја објави помалата ќерка Лола Керимова

563867
Почина претседателот на Узбекистан Ислам Керимов

Претседателот Керимов кој 27 години раководеше со Узбекистан, се наоѓаше на хоспитализација во болница поради церебрално крварење.

Во денешното соопштение на Владата на Узбекистан беше истакнато дека здравствената состојба на претседателот Керимов се вложува, додека лекарите изјавија дека е многу тешка.

Претходно соопштение во врска со здравствената состојба на претседателот Керимов Владата на Узбекистан го објави во недела и од тогаш наваму не соопшти ништо друго освен дека претседателот е пренесен на лекување во државна болница.

Веста за церебрално крварење на претседателот Керимов преку интернет ја објави помалата ќерка Лола Керимова.

25-та годишнина од стекнувањето на независноста во Узбекистан помина во тажна атмосфера.

Неславењето на празникот на највисоко ниво, одложувањето на концертите и огнометите ги зајакнуваат тврдењата дека починал претседателот Керимов.

78 годишниот Ислам Керимов на власт се наоѓаше од 1991 година, кога Узбекистан се стекна со независноста.

Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), првите училишта во странство ги отвори во Узбекистан. Претседателот Керимов кој уште тогаш ја увиде опасноста од ова структуирање, загриженоста ја надмина со затворање на истите.



Слични вести