Имаме потреба од една нова форма на соработка со Турција

Премиерот на Австрија Кристијан Керн изјави дека не сакаат да ја изгубат Турција и ја нагласи потребата од вопоставување на нови односи меѓу Анкара и Брисел.

561407

Премиерот Керн во изјава за австриските медиуми упати критика на сметка на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер за кого рече дека не го забележува фактот дека Анкара се повеќе се оддалечува од ЕУ.

Керн додаде: Преговарачкиот процес меѓу Турција и ЕУ не ги даде очекуваните резултати. Ако Јункер од една страна им вели на Турците ќе продолжиме со преговорите со вас а од друга страна вели дека Турците во секој случај нема да влезат во ЕУ, тоа не е доследно ниту за Турците ниту за Европејците.

Турција се уште е партнер на Европа што се однесува до прашањата за бегалците и безбедноста.Токму од тој аспект не би требало да ја загубиме Турција како партнер,само мислам дека имаме потреба од една нова форма на соработка, додаде Керн.

Слични вести