Владата на Русија го разгледува предлогот за повторно започнување на чартер летовите за Турција

Предлогот за повторно започнување на чартер летовите за Турција беше разгледан на средбата Ердоган - Путин на 9 август

560480
Владата на Русија го разгледува предлогот за повторно започнување на чартер летовите за Турција

Министерството за транспорт на Русија предлогот за повторно започнување на чартер летовите за Турција го достави на Владата.

Секретарката за печат на Владата на Руската федерација Наталја Тимакова во интервјуто за руската новинска агенција РИА Новости рече дека не брзаат околу повторно започнување на чартер летовите бидејќи предлогот сеуште не е усвоен од страна на владата.

На средбата меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин што се одржа на 9 август беше разгледано прашањето за повторно започнување на чартер летовите од Русија во Турција.



Слични вести